Сертификуван Galaxy Note 10+ 5G со 1TB простор за складирање

12.01.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Сертификуван Galaxy Note 10+ 5G со 1TB простор за складирање

Покрај актуелните верзии со 256 GB и 512 GB простор за складирање податоци, Samsung го подготвува и Galaxy Note 10+ 5G со дури 1TB простор за складирање!

Оваа варијанта на телефон е веќе сертификувана од кинеската TENAA агенција, а се очекува и дека моделот ќе пристигне и со 12GB RAM. Листингот сугерира и дека Galaxy Note 10 би можел да има варијанти со 6GB и 8GB RAM.

Засега нема никакви официјални информации од Samsung за споменатите уреди, ниту нивната достапност. Меѓутоа, можно е дека Galaxy Note 10+ со 1TB простор за складирање ќе биде достапен само на одредени пазари.

Исто така, сигурно е и дека 1 TB верзијата ќе има значително повисока цена од актуелните модели во Galaxy Note 10+ 5G линијата.

извор: USB.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата