(Видео) Снег ги прекри Хаваите: „Вакво нешто гледаме за првпат во историјата“

12.02.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
(Видео) Снег ги прекри Хаваите: „Вакво нешто гледаме за првпат во историјата“

Зимската бура што ги погоди Хаваите во понеделникот и вторникот на островите донесе силни ветришта, дожд, високи бранови, па дури и снег.

Силните ветрови кутнаа дрвја и корнеа сообраќајни знаци од тлото. Поради турнати далноводи, делови на Хаваите останаа без електрично напојување.

 

View this post on Instagram

 

Yes ?we got snow too ! ❄️ #maui #polipoli #kula #snow #letsbuildasnowman⛄️

A post shared by elvirakeserovic (@elvirakeserovic) on

Според Си-ен-ен, снег наврнал во Мауи, а според прогнозите се очекува и во некои други делови на архипелагот.

„За првпат во историјата снег наврна во Националниот парк Полиполи. Полиполи е прекриен со снег. Никогаш во историјата не наврнал снег на толку ниска надморска височина“, изјавиле претставници од Одделот за земјиште и природни ресурси.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата