Карлеуша се огласи: Ќе се борам до крај!

12.02.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Карлеуша се огласи: Ќе се борам до крај!

Пејачката Јелена Карлеуша денеска прв пат јавно се огласи по повод скандалот кој ја следи изминативе недели. По овој повод Карлеуша најави правна битка против медиумите кои според неа, ширеа лага за нега и нејзиното семејство.

Во клипот, во кој се гледа како таа седи на маса полна со документи, пејачката изјави:

Ова е прв и последен пат да се огласувам по овој повод. Се што е досега објавено од страна на медиумите, како моја изјава, изјава на мојот сопруг или член на моето семејство, се апсолутна лага и измислица. Пред мене стојат потпишани правни полномоштва за 120 српски медиуми поради страшна нечовечка медиска антикампања и линч. Удрија на моето име, достоинство, моето семејство, на моите деца, маж, татко, мајка – рекла пејачката и додала дека ќе го тужи и Огњен Врањеш, бидејќи е соучесник во аферата, ширејќи лаги.

Јелена исто така рекла дека сите добиени пари во судскиот спор ќе ги донира.

Сите пари кои ќе ги добијам од тужбите, покрај парите кои мојот сопруг и јас веќе со години ги даваме во хуманитарни цели, како што е добро познато, јавно ќе ги подарам на најзагрозените групи во Србија- рекла Јелена.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата