Еве каде во Скопје ЗАВРНА СНЕГ! (ФОТО+ВИДЕО)

12.01.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Еве каде во Скопје ЗАВРНА СНЕГ! (ФОТО+ВИДЕО)

Месец јануари го донеси и првиот снег во Скопје. Жителите на Скопје, односно оние кои што живеат на пределот на водно и другите повисоките места денеска ги изненади првиот снег во годината.

Инаку, Врнежи од снег има во Крушево, Маврово и на планинските превои Буково, Ѓавато и Стража, информираат од Авто-мото сојузот на Македонија.

Времето во Македонија денеска ќе биде претежно облачно и од изутрина со повремен дожд кој особено на југозапад и на повисоките места ќе преминува во слаб снег. На планините врнежите ќе бидат од слаб снег.

Ќе дува слаб до умерен претежно северен ветер. Утринската температура ќе се движи од минус 2 до минус 5, а дневната од 1 до 7 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со повремен дожд. Ќе дува умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 2, а дневната ќе достигне до 6 степени.

Во наредниот период ќе се задржи стабилно време со услови за појава на магла по котлините.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата