Наследничката на Меркел за мигрантите: Можно е и да ги затвориме границите

12.02.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Наследничката на Меркел за мигрантите: Можно е и да ги затвориме границите

Новата претседателка на Христијанско-демократска унија (ЦДУ), Анегрет Крамп-Каренбауер во случај на нов бран на бегалци не би постапила како нејзината претходничка, Ангела Меркел, туку како последно решение би ги затворила границите, објави денеска германскиот јавен радиодифузен сервис АРД.

„Последно средство, во случај останатите механизми да потфрлат, се разбира е затворањето на границите. Ние од минатата година, откако канцеларката постигна договор со европските партнери, имаме различна ситуација“, рече Крамп-Каренбауер зборувајќи за договорот на Ангела Меркел со ЕУ за можноста за враќање на бегалците од германската граница, врз основа на Даблинскиот договор според кој бегалците се одговорност на земјата-членка на ЕУ од која мигрантот за првпат влегол во Унијата.

Раководството на ЦДУ во неделата навечер разговараше за контроверзните бегалски политики на Ангела Меркел, која кон крајот на летото во 2015 година ги отвори границите и во земјата пушти повеќе од еден милион бегалци, главно од Сирија, пренесува агенцијата „Хина3.

Крамп-Каренбауер рече дека темата за бегалска политика на ЦДУ е траума за која мора да се разговара.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата