Вториот „Чернобил“ во Македонија ги труе жителите

12.02.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Вториот „Чернобил“ во Македонија ги труе жителите

Вчера во емисијата „360 степени“ на телевизија Алсат имаше прилог за состојбата во селото Лојане, каде што жителите секојдневно се трујат од арсен, а власта молчи односно си ја префрла одговорноста од министерство на министерство. Портокаловата боја на земјата и уништената вегетација се првиот знак дека нешто не е во ред во Лојане. Над еден милион тони арсен, антимон и хром тивко демнат во депонијата на поранешниот рудник кај селото Лојане, кумановско. Иако овој рудник е затворен уште во 1970-тите, остатоците од арсен сулфид, кој се смета за еден од најголемите отрови, се наоѓаат речиси во дворот на училиштето „Рилиндја“, каде што настава посетуваат над 400 деца од селата Ваксинце и Лојане.

Жителите стравуваат за здравјето на учениците, бидејќи ова место преставува голема опасност бидејќи тука владее „кралот на отровите“ како што се нарекува арсенот. Кога се стои на местото веднаш се чувствува мирисот на ветрот со арсен. Овој непријатен мирис на арсен преставува голем страв кај населението кои имаат побарано помош од надлежните, но се уште немаат добиено повратен одговор. Мерките треба под итно да се преземат но се уште ништо не се презема, зошто надлежните институции не одговараат.

Во водата има 56% арсен, додека дозволено е само 10%. Додека другите граѓани кои однеле примерок од водата им покажало истражувањето дека нивната вода содржи дури 200% арсен. Овој проблем не е во надлежност на локалната самоуправа, ова е прашање за кое треба да се погрижи државата. Од министерството за животна средина велат дека справувањето со жешките еколошки точки за нив е приоритет, но засега тоа го правата само од „својот џеб“.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата