Битола во следните 10 години ќе отплаќа кредит од над 2 и пол милиона евра

12.02.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Битола во следните 10 години ќе отплаќа кредит од над 2 и пол милиона евра

Општина Битола деновиве ја отплати втората рата во износ од 7.866.783 денари, од кредитот земен од Светска банка, информираат општинските власти.

„Кредитот, со кој што претходната локална самоуправа и тогашниот градоначалник ја задолжија општината, а со тоа и граѓаните, е во износ од 155.883.097 денари, односно над 2,5 милиона евра“, се наведува во соопштението.

Во него се додава дека со исплатата на втората рата, општината покрај тековните обврски, успеала да исплати вкупно 15.707.406 денари, или над 253.300 евра.

Според проценките на градската управа, граѓаните на Битола во наредните 10 години ќе треба да го враќаат кредитот од Светска банка.

 

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата