Вака изгледа супер автомобилот од 16 милиони евра

12.02.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Вака изгледа супер автомобилот од 16 милиони евра

Францускиот производител на суперавтомобили Бугати (Bugatti) треба да го изложи на саемот во Женева автомобилот во вредност од 16 милиони евра. Бугати во најпопуларниот салон ќе го претстави уникатниот хиперавтомобил.

Тој беше нарачан од никој друг, туку од 81-годишниот Фердинанд Пиех, поранешен директор на групацијата Фолксваген, внук на Фердинанд Порше.

Хиперавтомобилот ќе го предводи тимот на Бугари во Женева, каде ќе се одбележи 110 годишнина од постоењето на компанијата. Автомобилот се базира на моделот Chiron и се одликува со уникатна каросерија која што ја ,,напумпа” вредноста на 16 милиони евра.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата