(Видео) ВМРО-ДПМНЕ бара надзорна расправа за годишната програма на Министерството за култура

12.02.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
(Видео) ВМРО-ДПМНЕ бара надзорна расправа за годишната програма на Министерството за култура

Пратеничката група на ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата во Собранието поднесе барање за оддржување на надзорна расправа за начинот на носење на годишната програма на Министерството за култура за проекти од национален интерес за културата во Македонија и реализацијата на програмата за култура за 2018 година, соопшти пратеничката Ане Лашкоска.

„СДСМ продолжува да ја закопува културата во калта. Не само што немаат чувство за припадност кон сопствената култура, ами со постапките и изјавите кои ги даваат покажуваат и елементарно непознавање на законите од областа на културата. Она што минатата година го правеше министерот Алаѓозовски, сега советник за култура на премиерот, се рефлектираше и оваа година уште посилно преку членовите на комисиите, а членови на СДСМ“, рече таа.

Според неа, оние што се најодговорни за оваа невидена катастрофа, воопшто не ја разбираат суштината на проблемот.

„Не е проблемот дали ќе се прифатат дел од одбиените проекти, проблемот е во оние што веќе добиле средства без било каков уметнички критетиум да биде задоволен, а уште помалку јавниот интерес на граѓаните чиишто пари се трошат“, рече пратеничката.

Таа повтори дека ВМРО-ДПМНЕ бара оставки од премиерот Зоран Заев и од министерот за култура Асаф Адеми.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата