Позната можната цена и датумот на објава на Xiaomi Mi 10

11.01.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Позната можната цена и датумот на објава на Xiaomi Mi 10

Xiaomi се подготвува наскоро да го објави својот Mi 10 телефон, а најновите гласини сугерираа дека телефонот ќе биде објавен пред Samsung Galaxy S20 серијата. Сега во објава на едно официјално лице на компанијата на страниците на Weibo, сугерирана е потенцијалната цена како и можниот датум на претставување на уредот,

Производниот директор на Xiaomi закачаи објава на Weibo, која открива дека цената на Xiaomi Mi 10 ќе биде повисока од 3500 кинески јуани (околу 505 долари). Се очекува цена помеѓу 3500 и 4000 CNY. Кога е во прашање периодот на објавата, се очекува тоа да биде февруари.

Што се однесува до спецификациите на Xiaomi Mi 10 телефонот, потврден е Qualcomm Snapdragon 865 чипсет, кој би можел да биде спарен со до 12GB RAM. Гласините претходно сугерираа 6,5-инчен OLED дисплеј со 90 Hz освежување, батерија помеѓу 4500 и 4800 mAh, а повеќе детали би можеле да се појават наскоро.

 

извор: USB.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата