Турист од Франција ќе заврши во затвор поради летање дрон во Мјанмар

12.02.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Турист од Франција ќе заврши во затвор поради летање дрон во Мјанмар

Француски турист, кој беше уапсен минатата недела откако летал дрон во близина на парламентот на Мјанмар, може да се соочи со три години затвор поради строгите закони на земјата за беспилотни летала.

Французинот Мишел Деклау (27) може да биде обвинет за бесправно внесување беспилотни летала во земјата, како и летање во забранета област, изјави Мин Тин, полициски службеник во главниот град на Мјанмар, Најпидав.

Забраните на Мјанмар за беспилотни летала предизвикаа поплаки дека туристите кои сакаат да направат снимки од областа, лесно можат да го прекршат законот. Беспилотни летала се забранети во многу делови од главниот град; во поголемиот дел од Јангон, најголемиот град во Мјанмар и во близина на палатата во Мандалај.

Тие, исто така, не можат да летаат во близина на аеродроми, на собири на луѓе или во близина на приватни имоти без дозвола.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата