Трговски центар отстрани восочна фигура на Мајкл Џексон за да не ги навредува посетителите

12.02.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Трговски центар отстрани восочна фигура на Мајкл Џексон за да не ги навредува посетителите

Најстариот трговски центар во Данска отстрани восочна фигура на Мајкл Џексон од страв дека истата би можела да биде навредлива за купувачите или да биде оштетена поради обвиненијата дека кралот на поп музиката, во текот на својот живот злоставувал малолетни момчиња.

Шарлотe Андерсен, маркетинг директорка на трговскиот центар Редовре, сместен во предградие на Копенхаген, за данската телевизја ТВ2 изјавила дека добиле околу петнаесет поплаки за фигурата на Џексон, главно од семејствата со помали деца.

Центарот најави организација на изложба на восочни фигури од најголемите ѕвезди од шоу-бизнисот, меѓу кои и Мерилин Монро и Џулија Робертс. Изложбата треба да трае за време на зимскиот училишен распуст во Данска, кој започна вчера.

Фигурата на Џексон била заменета со восочна фигура на актерот Бред Пит.

Трговскиот центар кој се протега на површина од 75.500 квадратни метри е првиот центар отворен во Данска во 1966 година.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата