Лозано најавува солистички концерт!

12.02.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
 Лозано најавува солистички концерт!

Големо задоволство ни е да ви го најавиме нашиот следен проект. После повеќе од десет години на сцената, навистина дојде време за сигурно еден од најквалитетните вокали на Балканот во моментов, Влатко Лозаноски да има свој голем концерт во Скопје. Момчето кое има безброј хитови, три студиски албуми и награди на над 20 фестивали во Македонија и во регионот, ќе се претстави пред македонската публика на 23-ти март во ВИП Арената, со почеток од 20:30 часот. Концертот ќе биде со спектакуларна продукција, на ниво на светските концерти, затоа што мислењето на Авалон Продукција е дека Влатко Лозаноски заслужува ваков третман, велат од продукцијата која застанува зад организацијата на музичката дружба со Лозано.

Влезниците ќе бидат пуштени во продажба од утре преку продажната мрежа на Авалон низ Македонија и онлајн на avalon.mk. Оние за партерот чинат 500 денари, за трибините 700, сребрените седишта 800, а златните 900 денари. ВИП влезниците, пак, ќе се продаваат по цена од 1000 денари.

„Сонце не ме грее“, „Ова лето ќе се памти“, „Јако јако“, „Мандарина“, „Километри“ и уште многу други песни што ја одбележаа кариерата на Лозано, ќе прозвучат во живо во Скопје, на 23 април

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата