Влатко Лозаноски на 23 март ќе одржи концерт во „Вип арена“, спортски центар „Борис Трајковски.

„Момчето кое има безброј хитови, три студиски албуми и награди на над 20 фестивали во Македонија и во регионот, ќе се претстави пред македонската публика на 23 март во Вип Арената, со почеток од 20:30 часот. Концертот ќе биде со спектакуларна продукција, на ниво на светските концерти, затоа што мислењето на Авалон Продукција е дека Влатко Лозаноски заслужува ваков третман“, велат од продукцијата.

Влезниците ќе бидат пуштени во продажба од утре, 13 февруари, во 09 часот преку продажната мрежа на Авалон низ Македонија и онлајн на avalon.mk, по цени од 500 до 1 000 денари.

извор: Makfax

0

Најчитани вести