НА КОЈА ДРОГА СЕ СКОПЈАНИ? За еден ден казнети 73 возачи за брзо возење низ градот

12.02.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
НА КОЈА ДРОГА СЕ СКОПЈАНИ? За еден ден казнети 73 возачи за брзо возење низ градот

Во текот на изминатото деноноќие во Скопје санкционирани се 73 возачи за брзо возење, двајца биле под дејство на алкохол, 13 пред да се стекнат со право на управување на моторно возило, како и еден почетник, покажуваат податоците од билтенот на СВР Скопје.

Во текот на изминатите 24 часа во Скопје се случиле вкупно четири сообраќајни незгоди, од кои во две со лесни телесни повреди се здобиле две лица и во две е причинета материјална штета.

Сообраќајната полиција издала 100 казни за непрописно паркирање, а со специјалното возило „пајак“ подигнати се 78 возила.

Од сообраќај се исклучени едно техничко неисправно возило и 15 нерегистрирани возила. На црвено светло поминале пет возачи, едно лице не носело зимска опрема во возилото, 30 за не носење сигурносен појас и 33 користеле мобилен телефон.

Санкционирани се и пет пешаци кои поминале коловоз вон пешачки премин и двајца пешаци кои поминале коловоз на црвено светло.

Одделението за превенција денеска ќе реализира посебна воспитна сообраќајна мерка на која ќе присуствуваат граѓани кои направиле прекршоци по разни основи во својство на возачи.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата