Бонсаи дрво старо 400 години украдено од градина на брачен пар во Токио

12.02.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Бонсаи дрво старо 400 години украдено од градина на брачен пар во Токио

Сејџи Јимура и неговата сопруга Фујуми во полиција пријавиле дека седум бонсаи дрвца исчезнале од нивната градината во Токио. Според Си-ен-ен, вкупната вредност да дрвцата се проценува на околу 105 илјади евра.

„Нема зборови да се опише како се чувствуваме. Дрвцата беа бесценети за нас“, напиша Јимура на социјалните мрежи, притоа давајќи им инструкции на крадците како да се грижат дрвцата.

Бонсаи е минијатурно дрвце кое се одгледува во саксија и бара специјализирани техники на одгледување, кои потекнуваат од Источна Азија.

Еден од украдените бонсаи дрвца е од видот Шимпаку Џунипер. Овој вид се смета за еден од најбараните меѓу колекционерите на бонсаи, а се проценува дека вреди повеќе од 80.000 евра.

На својот фејсбук профил Фујуми напиша: „Нашиот Шимпаку е стар околу 400 години. Потребна му е соодветна грижа и без вода не може да преживее повеќе од една недела“.

Таа додала дека со сопругот се чувствуваат тажни и осамени, но дека ќе продолжат да се грижат за останатите дрвца.

Во моментоц полицијата трага по крадците.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата