Паркирањето во Центар од денес поскапо за 20 денари!

8.01.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Паркирањето во Центар од денес поскапо за 20 денари!

Од денеска поскапува цената на паркингот на паркиралиштата на Јавното претпријатие „Паркинзи на Општина Центар“ за 20 денари за еден час. Одлуката е донесена на последната седница на Советот на Општина Центар минатата недела и „за“ гласаа сите советници.

Со новиот ценовник, за паркинг на паркиралиштата на ПОЦ ќе се плаќа 50, 60 и 70 денари, во зависност од зоната. Од Општина Центар оправдувањето за ваквото покачување на цената беше дека треба да им се овозможи похумано живеење на жителите на општината, со тоа што би се намалил бројот на паркирани возила во централното градско подрачје.

Поскапувањето се однесува само на паркирањето од час, додека цените за месечниот билет, дневната паркинг карта и останатите услуги на ПОЦ остануваат исти.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата