Американскиот претседател, Доналд Трамп, нема да се откаже од своето ветување дека ќе гради ѕид на границата со Мексико.

„Ѕидот ќе го изградиме во секој случај“, рече Трамп на собир во Тексас, во момент кога беше објавено дека е постигнат принципиелен договор за финансирање на федералната владата и избегнување на повторна блокада на истата, пренесува Би-Би-Си.

Трамп, сепак, не кажа дали ќе го поддржи договорот.

Тој тврди дека бариерата, која ги разделува Ел Пасо и Мексико, го направила градот побезбеден, што, сепак, не го покажуваат и федералните статистики, пренесува агенцијата АП.

Претходно беше објавено дека неколку преговарачи од демократската и републиканската партија во американскиот Конгрес постигнале начелен договор за финансирање на владата и избегнување на нова блокада, објави Гласот на Америка.

Меѓутоа, се тврди дека ниту еден од преговарачите не сакал да открие детали околу договорот, ниту пак каже дали претседателот Трамп ќе ги добие сите пари што ги бара за изградба на ѕидот долж јужната американска граница.

извор: Makfax

0

loading...
loading...

Најчитани вести