ХАОС ЗА БАДНИК ВО КАВАДАРЦИ: Женско лице кршело во кафана, машки се тепале

7.01.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ХАОС ЗА БАДНИК ВО КАВАДАРЦИ: Женско лице кршело во кафана, машки се тепале

Вистински хаос се случувал вчера за Бадниковата вечер откако во угостителски објект во Кавадарци две лица биле нападнати,а женско лице во локалот го уништувало инвентарот.

Случајот бил веднаш пријавен во полиција.

Од МВР соопштуваат дека на 06.01.2020 во 11.00 часот во Полициската станица Кавадарци, А.Д.(35) од Кавадарци пријавил дека околу 02.30 часот во угостителски објект во Кавадарци, тој и М.Д. биле физички нападнати од неколку лица.

Во врска со истиот настан, на 06.01.2020 во Полициската станица Кавадарци, С.Ј.(28) и А.М.(29), двајцата од Кавадарци, пријавиле дека околу 03.00 часот во угостителски објект во Кавадарци биле физички нападнати од едно машко лице, додека едно женско лице кршело чаши. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“ велат од МВР

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата