Таксист у*ил дете пред очите на мајката, ги нападнал бидејќи "припаѓале во погрешната муслиманска фракција"

12.02.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Таксист у*ил дете пред очите на мајката, ги нападнал бидејќи "припаѓале во погрешната муслиманска фракција"

Шест годишно дете од Саудиска Арабија беше убиено во четвртокот пред очите на очајната мајка која се обидела да го спаси, јавува Дејли Меил.

Закариа Ал Џабер бил со својата мајка во такси, а оделе во еден храм посветен на Мухамед во Медина. Во еден момент таксистот застанал со автомобилот и го избркал детето надвор. 

Го удрил со шише, па му го исекол вратот

Пред едно кафуле прво го удрил со стаклено шише. Потоа му го исече вратот, а после уште неколку пати го избодил. Сето тоа се случувало пред очајната мајка, но и полицајците кои не успеале да го спасат детето.

Мајката се обидела да го нападне напаѓачот, но паднала на улица.

Напаѓачот на крајот успеа да биде уапсен од полицаец кој бил во близина, но не стигнал на време да го спаси детето.

Ги нападна, бидејќи припаѓаат во "погрешната фракција на исламот"

Не е познато зошто точно го нападна детето, но саудиските власти рекле дека станува збор за човек со психички проблеми.

Според некои изјави на сведоците, таксистот наводно ја прашал мајката во која фракција припаѓаат. Нападот следувал откако дознал дека тие се од шиитите, една од двете поголеми муслимански фракции.

"Сведоците велат дека на детето му била отсечена главата, додека мајката гледала и врескала", пишуваат.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата