Изутринава времето е претежно облачно и ветровито. Помалку облачност има на југоисток. На планините на запад има врнежи од снег (Маврово и Крушево), а утринава на повеќе повисоки места врнежите преминаа од дожд во слаб снег и тоа во Охрид, Битола, Прилеп. Дожд врне во Претор и Струмица. Продолжува да дува умерен северен ветер кој повремено засилува особено на северот и на повисоките места.

Времето во текот на денот ќе биде променливо облачно и постудено со повремен локален снеr, особено на запад и претежно претпладне. Во централните делови ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува засилен северен ветер најизразен на север во Кумановско, во делови од Скопско, во Штипско и кон југ долж Повардарието. Брзината на ветерот понекаде ќе надминува 70 км/час. Температурата преку денот ќе биде од 2 до 10 степени.

Во Скопје променливо облачно, со услови за краткотраен дожд, а на повисоките делови од слаб снег. Ќе дува и умерен до повремено засилен северен ветер. Температурата до 4 степени.

Под влијание на многу студена воздушна маса од север од утре до петок следува период на променливо облачно, значително постудено и ветровито време со засилен северен ветер и со слаби локални врнежи од снег.

извор: Makfax

2

Најчитани вести