За законот за пазари ќе одлучува Уставен суд - Пазарџиите пред одлука за генерален штрајк

12.02.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
За законот за пазари ќе одлучува Уставен суд - Пазарџиите пред одлука за генерален штрајк

Тезгаџиите ќе поднесат иницијатива до Уставниот суд за укинување на Законот за пазари. Се уште стојат на ставот дека тој мора целосно да се повлече. В среда ќе објават дали ќе стапат во генерален штрајк. Во меѓувреме, претставници од скопските, се консултираат со пазарџиите од другите градови за натамошното делување.

Од друга страна, министерот Бектеши уверува дека Законот ќе биде променет, а за тоа има време од една година.

Од најголемата стопанска комора, пак, велат дека формирањето на комора на пазарџии не треба да се регулира со Закон.

Законот за пазари беше предмет и на препукувања меѓу партиите. Опозицијата бараше целосно укинување и носење нов закон, а власта одложување на постојниот.

 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата