19-годишно момче од Онтарио, Канада, било запрено од канадските полициски служби и уапсено поради тоа што возело автомобил Ауди со брзина од 246 км/час.

Бидејќи драстичното пречекорување на брзината не е толку честа појава во Канада, на момчето му е одредена драконска казна. Тој во полицијата се правдал дека возилото го позајмил од пријател за да го испроба.

Но, тоа не помогнало. Автомобилот му е одземен, остана и без возачка дозвола, а му се заканува и затворска казна од најмногу 10 години.

Со оглед дека не е направена штета при возењето, најверојатно нема да ја добие максималната затворска казна, а автомобилот му е одземен на најмалку една недела.

Полицијата не го соопштува идентитетот на момчето.

 

1

Најчитани вести