Јавноста бурно реагира на скандалозната изјава на министерот за информатично општество и јавна администрација Дамјан Манчевски, со која го поткопува мерит системот за вработување во државните институции.

Манчевски денеска ги праша новинарите, по 10 години дискриминација каде сега да се вработуваат членови и симпатизери на СДСМ?

Оваа изјава предизвика остри реакции, а меѓу најгласните е професорката Мирјана Најчевска, која бара итно разрешување.

– Ова човече под итно треба да биде разрешено од министерската функција. Со оваа изјава тој заговара партизација на администрацијата и го руши и самиот поим на професионалност и на мерит ситем. Оставка за секој вмровец преоблечен во кожа на СДСМ. Нека оди да научи да чита и пишува па после можеби ќе стигне и до читање на законите и до членот 3 од ЗАКОНОТ ЗА ОРГАНИЗАЦИЈА И РАБОТА НА ОРГАНИТЕ НА ДРЖАВНАТА УПРАВА“

Органите на државната управа своите надлежности утврдени со закон ги извршуваат врз основа на начелата на законитост, одговорност, ефикасност, економичност, транспарентност, еднаквост и предвидливост.“ Можеби (само можеби) тогаш ќе дознае кои се неговите должности како министер. – напиша Најчевска на Фејсбук и доби голема поддршка од граѓаните.
Инаку Манчевски денеска кажа дека 10 години сите членови на СДСМ биле најдискриминирани граѓани во државата со тоа што им било забрането да се вработуваат во јавен и приватен сектор и додава дека ова е факт.

– Денеска е чудно што било кој симпатизер на оваа власт се вработува и во јавни институции. Каде да одат овие луѓе, треба да ја напуштат државата… Сега има Антикорупциска комисија и сето она за што се смета дека е проблематично, треба да се поднесе претставка и да се одлучува по неа. – изјави Манчевски.

1

loading...
loading...

Најчитани вести