ПРЕСВРТ: Поради блокада од САД запрена изградбата на гасоводот низ Србија, непосредно пред почнувањето

11.02.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ПРЕСВРТ: Поради блокада од САД запрена изградбата на гасоводот низ Србија, непосредно пред почнувањето

Претседателот на асоцијација за гас на Србија, Воислав Вулетиќ, изјави дека не ја исклучува можноста изградбата на гасоводот низ Србија да не почне во април годинава туку можеби за шест месеци или една година, под различни услови.

Агенцијата за енергетика на Србија (Aers) на руско-српската компанија Gastrans и дозволи изградба на гасоводот Турски тек, кој ќе се приклучи на бугарскиот гасовод Турски тек во близина на Зајечар, а ќе се простира низ Србија до во унгарскиот граничен премин Хоргош и за ова потребно е да се бара согласност од Енергетската заедница на Европската унија (ЕЗ), која има дополнителни барања и има за цел да им овозможи на други, американски добавувачи на гас за користење на дел од капацитетот на гасоводот кој ќе го изгради Gastrans.

"Во овој момент нема ништо од реализацијата на Турски тек низ Србија, бидејќи тоа не го дозволува Америка затоа што ја загрозува нивната понуда на гас произведен од шкрилци, кој ќе биде донесени во Европа во течна состојба", изјави Вулетиќ.

Тој рече дека барањата на Енергетската заеднивца на ЕУ до Србија се да се овозможи пристап и на други добавувачи (во случајов америкакни компании)  да се приклучат и дистрибуираат и свој гас низ српско-рускуит гасовод на пет точки: во близина на Зајечар, во точката на влез од Бугарија за Србија, во Хоргош и три други градови во Србија  што според Вучетиќ е само изговор на Енергетската заедница на ЕУ да го блокира проектот и да ги заштити интересите на компаниите од САД контра Турскиот тек.



Преку секој гасовод, рече тој, "се дистрибуира гас на оној кој гасот навистина и може да го испорача, а во овој момент и во следните десет години тоа е Русија". "Зборувам за обезбедување на нормален квантитетот, а не за количините течен гас дистрбуиран со цистерни каков Американците донесоа на Полска или некоја друга земја", изјави Вулетиќ.

Во Европа минатата година, според него, се потрошени 550 милијарди кубни метри гас, а од оваа количина речиси 40 проценти од гасот потекнува од Русија, 30 проценти испорачуваат најголемите европски производители во Норвешка и во Холандија, а останатите 30 проценти од гасот европјаните купуваат од слободни трговци на пазарот.

Тој истакна дека "во следните десет години тешко некој може да ги задоволи потребите на Европа за гас освен Русите, бидејќи Меѓународната унија за гас предвидува дека до 2030 година Европа ќе троши 750 милијарди кубни метри гас."

"Тврдењето дека Американците можат да обезбедат гас за Европа, создавајќи го од шкрилци, е приказна за политичари и за незналици", рече Вулетиќ.

“Минатата година Американците поради студените зими особено во Бостон направија увоз на гас од Русија што значи дека немаат доволно гас ни за себе. Во овие блокади на дистрибуција на рускиот гас низ Србија и Унгарија, односно кон Европа  има само политика - да се удри врз буџетот на Русија и врз власта на Путин". Исто како што со војната во Сирија се спречи реализација на договорот од 2011 година помеѓу Иран, Сирија и Ирак за извоз на гас од најголемиот извор а тоа е Јужен фарс во Иран преку така наречениот Исламски гасовод/нафтовод, вели Вулетиќ.

Според Вулетиќ сосема е можно САД да извршат притисок врз Бојко Борисов во Бугарија да се откаже од Турскиот тек низ таа земја, со што Бугарија би изгубила многу пару од транзитот на рускиот гас, но во спротивно Бојко Борисов би ја загубил власта. Без транзит на Турскиот тек низ Бугарија не е можна изграба на гасоводот низ Србија и Унгарија.

Да се граничеше Србија со Русија, ќе го решеше тоа со меѓусебен договор, како што направи Турција но, вака зависиме од вољата и на Бугарија. Откако не успеа амерканската блокада за изгардба на големиот гасовод Северен ток од Русија кон Германија, според Вулетиќ, можно е притисокот сега да се фокусира врз Бугарија у тука да запре изградбата на гасоводот кон Србија и Унгарија.

 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата