Тоа ми ја у*и ќерката! Вакви слики повеќе не ќе смеете да закачувате на Инстаграм, после трагедија на девојче

11.02.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
 Тоа ми ја у*и ќерката! Вакви слики повеќе не ќе смеете да закачувате на Инстаграм, после трагедија на девојче

Откако татко на четиринаесет годишно девојче која извршила само*****во изнел обвинување против Инстаграм наведувајќи дека сноси одговорност за нејзината смрт, одговорните на таа социјална мрежа ветиле дека ќе воведат ригорозни контроли и забрана на објавување било какви слики кои укажуваат на самоповредување.

Најавена е промена на правилникот вклучувајќи забрана на објава која покажува било каков облик на самоповредување, како и тргање на се што повикува на тоа, како и содржини кои укажуваат на опасност.

Министерот за здравство на В. Британија Мет Ханкок пред некој ден го повикал на разговор Адам Мосерија, главен човек на Инстаграм.

Министерот и порано укажувал на тоа дека социјалните мрежи треба да “направат повеќе“ каде што некои содржини нема да имаат влијаат врз животот и менталното здравје на тинејџерите

- Ништо не ми е поважно од безбедноста на лицето кое користи Инстаграм. Се уште не сме на ниво на кое сакаме да бидеме кога е во прашање безбедноста на најранливите членови на нашето општество. На мене е одговорноста тоа да го направам. Ќе се подобриме, ќе се посветиме во пронаоѓање на адекватни содржина а ќе соработуваме и со стручњаци кои ќе најдат начи во давање подршка на луѓето кога таа им е најпотребна –рекол Мосери.

Ваквата одлука е донесена откако Лијан Расел, татко на 14 годишната Моли, изнел обвинувања дека социјалната мрежа допринела неговата ќерка да дигне рака на себе. Имено, Моли починала 2017 година откако нејзиното семејство на нејзиниот Инстаграм профил пронашло содржини поврзани со депресија и апатија. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата