Двe гласачки места изгореа во Нигерија неколку дена пред изборите

11.02.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Двe гласачки места изгореа во Нигерија неколку дена пред изборите

Две канцеларии на изборната комисија на Нигерија  во кои се сместени гласачките материјали беа запалени во една недела – само неколку дена пред претседателските избори во земјата, изјавија во неделата од изборното тело.

Независна изборна комисија во Нигерија соопшти дека над 10 000 изборни ливчиња и 755 кутии за гласање биле уништени во двата инцидента во Абија и Плато, минатата недела.

Од комисијата не открија кој е одговорен за пожарите, но рекоа дека ја известиле полицијата за двата пожара само неколку дена пред изборите што треба да се одржат на 16 февруари. Изборите ќе се одржат според планираното, додадоа од комисијата.

Комисијата сака да ги увери граѓаните дека нема да потклекне на однесувањето на пироман чиј мотив може да создаде страв во главите на гласачите и да го саботира спроведувањето на изборите во 2019 година“, рече портпаролот на изборната комисија, Фестус Окоје.

Во неделата претседателот Мухамаду Бухари рече дека корумпираните политичари планираат да ги поткупат гласачите со испрани пари.

Бухари напиша на својот фејсбук-профил дека Комисијата за економски и финансиски криминал изразила загриженост дека некои политичари ќе се обидат да ги купат гласовите на граѓаните.

В сабота Бухари (76) ќе се соочи со 71 кандидат во трката за претседател.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата