Македонското електронско дуо Cyrillic деновиве ја промовираа нивната нова песна ,,Доволни” во соработка со пеачката Валери Димовска (Valery).
,,Доволни” е следбеник на нивниот голем хит ,,Во Тебе Се Гледам” кој што е во соработка со Дина Јашари (Dina), која што е текстописец на новата песна и автор на музиката заедно со Cyrillic, а аранжманот е на Cyrillic.
Песната е снимена во студиото на Иван Јованов (Iwayo), со кој што Cyrillic соработуваа на нивните два претходни синглови ,,Feel Like” и ,,Right Here”. Како што велат Cyrillic: – ,,Тимот што победува, не се менува.”
За преубавите кадри и целата приказна е заслужен режисерот Христијан Конески, кој што живее и твори во Сиднеј – Австралија каде што е и сниман видео записот.
извор: Makfax