Аргентинскиот фудбалер идентификуван по отпечаток од прст

11.02.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Аргентинскиот фудбалер идентификуван по отпечаток од прст

Аргентинскиот фудбалер Емилијано Сала починал од повреди на главата, а неговото тело е идентификувано по отпечататок од прст, изјави судскиот вештак Јан Пери. Неговото тело било извлечено неколку дена откако авионот во кој се наоѓал, беше пронајден на дното на Ла Манш. Пилотот Дејв Иботсон се уште не е пронајден.

Поради јачината на падот, Аргентинецот неможел да се спаси, бидејќи се здобил со фатални повреди. По двонеделна потрага беше пронајден авионот со кој Емилијано Сала требаше да стигне во Кардиф и да го потпише договорот со својот нов клуб. Во авинот имаше и безживотно тело кое потоа беше идентификувано дека е на Сала.

,,Влегов во авионот кој изгледа како да ќе се распадне”, се вели во последната гласовна порака која што 28-годишниот фудбалер им ја испратил на пријателите.

Кратко по поаѓањето од Нант на 21 јануари, каде што Сала беше за да се збогува со соиграчите, исчезна неговиот авион.

,,Одам во Кардиф. Утре веќе ќе тренирам со новиот тим. Ако не ви се јавам за час, час ипол, незнам дали ќе пратат некој за да ме бара…Се плашам”, е последната порака на Аргентинецот.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата