(Видео) Мицкоски: Неспособноста на Заев и Филипче се плаќа со животите на граѓаните, оставка веднаш

11.02.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
(Видео) Мицкоски: Неспособноста на Заев и Филипче се плаќа со животите на граѓаните, оставка веднаш

,,За жал, деновиве сме сведоци на масовна појава на загуба на човечки животи поради неквалитетното здравство. Тоа е загрижувачки, за сите нас. Ова не е дневна политика, иако политичарите кои го водат ресорот се најодговорни, тука се работи за здравјето на граѓаните. За животот на деца, млади, возрасни.Никогаш порано во Македонија не се случило ова што се случува денес. Има десетина смртни случаи во десетина дена. Смрт после и пред операции. Смрт од епидемии, на морбили и на грип”, се вели во видео обраќањето на Христијан Мицкоски, лидер на ВМРО-ДПМНЕ.

Според него, нема акција, нема дејство од владата. Наместо здравје, граѓаните добиваат смрт. ,,За два дена згаснаа три млади животи поради епидемија на морбили, и два животи згаснаа поради епидемија од грип. Не вратија 100 години наназад.Манипулираа со МРП вакцините. Се откри дека има со поминат рок. Министерот Филипче ја лажеше јавноста и со лажно вакцинирање на својата внука.Поради негрижа, и непочитување на законските протоколи се раширија морбилите и меѓу другите болни деца на детската клиника.

33-годишен татко и сопруг починал поради обична скршеница и несоодветна терапија.
61 годишна жена починала само затоа што била препраќана од една болница во друга, со образложение, замислете дека нема доволно место и слободен кревет.
На Клиниката за стоматологија се појави опасна бактерија МРСА.Министерот молчи, премиерот нема фокус, за на крај директорот на Клиниката за абдоминална хирургија со скандалозна изјава да ни порача – цитирам “секој има право да умре”.

Граѓаните не плаќаат даноци за да ги финансираат тендерите на министерот, ниту пак бизнисите на Заев туку да имаат квалитетно здравство. Ова се огромни скандали за да бидат премолчени. И ова е само дел. Да не збориме за изневерените очекувања, лошите услови на работа на лекарите и здравствениот персонал, ниските плати кои се далеку од ветените 100 илјади денари, за болниците кои се распаѓаат, за неизградениот Клинички центар, за немањето на лекови на рецепт итн.

Што ли треба да се случи, колку ли животи треба да се изгубат за да овие луѓе преземат одговорност? Оставка на министерот веднаш. Но и тоа не е доволно доколку за краток период не се преземат мерки и активности за средување на хаосот. Неспособноста на Заев и Филипче се плаќа со животите на граѓаните. И ова треба да престане.И ова не е политика, ова е појава која го загрижува целото општество. Ние сме вознемирени и загрижени. Ако владата не знае како да се справи, нека праша. ВМРО-ДПМНЕ ги става на располагање сите свои потенцијали за справување со состојбите. Потребна е акција, а владата бега. Имаме решенија кои можат да помогнат за да се санираат состојбите”, вели Мицкоски.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата