Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС информира дека Заваровалница Триглав д.д. од Република Словенија достави барање за основање на друштво за управување со задолжителни и доброволни пензиски фондови.

Процесот за основање ќе се одвива под целосна контрола од страна на Агенцијата согласно македонското законодавство во најдобар интерес на пензискиот систем.

Со овој чекор се потврдува стабилноста и сигурноста на пензискиот систем и претставува можност за поголема конкурентност и развој на пензискиот систем, како и повеќе можности за избор во интерес на членовите на пензиските фондови, се наведува во соопштението.

извор: Makfax

0

Најчитани вести