Пола Косово се крена поради плакат за независноста: На многумина им засмета еден детал

11.02.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Пола Косово се крена поради плакат за независноста: На многумина им засмета еден детал

Во знак на 11 години од независност на Косово осамнал плакат наменет за оваа манифестација.

Албанските медиуми објавиле лого за 11 годишнината на независно Косово кој покажува силуета на војник, со напис “Косово, чест и должност“

Активисти за човекови права и цивилно општество логото го нарекле дискриминаторско и неприфатливо. Спрема нивните зборови, логото кое го покренала владата на Косово не претставува рамноправност и ја негира работата на жените и девојките во косовското општество.

Меѓутоа владини претставници велат дека логото не треба да се смета како такво, и дека тоа е направено во чест на формирање војска на Косово.

Минатата година, на десетгодишнина независност, претседателството го откажало своето прво лого после наводите дека е плагијат.

Потсетуваме дека 17.02.2008 на вонредна свечена седница на косовскиот парламент усвоена е Декларација за независност на Косово .

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата