Знамето на НАТО утре ќе биде поставено пред Владата

11.02.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Знамето на НАТО утре ќе биде поставено пред Владата

Со свечена церемонија утре ќе биде подигнато знамето на НАТО пред Владата.

Како што најави владината прес-служба, во рамки на свеченоста, пред платото на Владата ќе се обрати премиерот Зоран Заев.

Претходно, денеска беше остранета таблата од зградата на македонската Влада со натпис „Влада на Република Македонија“, а се очекува деновиве на местото да биде поставена табла со новото уставно име на државата.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата