Иран бара САД да се повлечат од регионот

11.02.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Иран бара САД да се повлечат од регионот

Во време додека сили на САД се повлекуваат од Сирија, Вашингтон се повеќе изразува загриженост дека Техеран станува премногу вмешан во земјата и постојано го обвинуваат Иран за присуството во Сирија каде што Техеран има “воени советници”, пренсува РТ.

Заменик-шефот на Иранската револуционерна гарда поради тоа жестоко го критикуваше Вашингтон:

„Непријателот не може да бара од нас да го напуштиме регионот. Тие мора да го напуштат регионот. Ние ќе му помогнеме на секој муслиман насекаде во светот “, додаде бригадниот генерал Хосеин Салами.

Ова не е е првпат Иран да ги отфрли барањата на САД за намалување на неговото влијание. Минатата недела, високиот помошник на врховниот лидер Али Камнеи, Али Акбар Велјати, предупреди дека без разлика дали сакаат или не, Американците мора да ја напуштат Сирија.

Присуството на Иран во Сирија се повеќе ги иритира САД откако претседателот Трамп го објави повлекувањето на 2000 војници од земјата, каде што се наоѓаат од 2015 година. Сепак, во едно неодамнешно интервју Трамп изјави дека сака да задржи дел од силите во регионот за да го заштитат Израел и да го набљудуваат Иран.

Одлуката да се повлече поголемиот дел од американските трупи предизвикаа реакции во САД, каде што политичарите изразија загриженост дека тоа ќе предизвика повторно реанимирање на Исламска држава и ќе ја остави земјата отворена за Иран и за Русија.

Имено, воените советници од Исламската Република, како и руската војска беа поканети од Сирија за да помогнат во борбата против тероризмот. Присуството на американските војници, пак, Дамаск го смета за кршење на суверенитетот на Сирија.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата