Владејачката партија СДСМ за утре попладне закажала состанок на Извршниот одбор, брифираат партиски извори за „Плусинфо“. Состанок се најавува веќе подолг период и од него се очекува конечно да биде познато дали власта ќе ја прифати фрлената ракавица на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори напролет заедно со претседателските.

Пред повеќе од две недели, на 25 јануари, на Бихаќка се одржаа состаноци и на Извршниот и на Централниот одбор, но тогаш не падна конечна одлука. Генералниот секретар на партијата, Александар Кирацовски изјави дека „провејувале“ различни ставови и сите ќе се земат предвид, а Централниот го овласти Извршниот одбор да пресече дали ќе има двојни избори.

3

loading...
loading...

Најчитани вести