Бесната Норвешка тврди дека Русија повторно ги блокира ГПС сигналите

11.02.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Бесната Норвешка тврди дека Русија повторно ги блокира ГПС сигналите

Норвешката разузнавачка служба повторно изрази загриженост дека нејзините ГПС сигнали на на далечниот север на земјата се блокирани, а Осло повторно ја обвини Русија за неприфатливи дејства, пренесува „Ченел њуз Азија“.

Службата тврди дека нарушувањето во ГПС сигналите што го искусиле за време на големите вежби на НАТО во Норвешка минатата година претставуваат особена грижа за војската и претставуваат закана за цивилното воздухопловство.

Таа во својот годишен извештај вели дека блокирањето на сигналот не претставува само нов предизвик за членките на НАТО туку и дека ќе ја зголеми способноста на Русија да ја проектира својата моќ во мир, криза и во војна.

Норвешка и Финска протестираа против инцидентот за време на вежбите на НАТОво периодот од 25октомври и 7 ноември, при што Осло рече дека руските сили на полуостровот Кола на Арктикот стојат зад блокирањето на ГПС.

Москва негира каква било вмешаност во инцидентот.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата