Samsung неодамна во Индија ги претстави смартфоните Galaxy M10 и Galaxy M20, но компанијата веќе го подготвува и третиот уред од M-серијата. Сајтот PriceKart.com ни прикажува дијаграм за Galaxy M30, сличен на оној што може да се види во корисничките упатства.

M30 ќе има завршница во вид на градиент бои, со црна и сина варијанта. На задната страна се наоѓа сензор за отпечатоци од прсти, а најјасната разлика во однос на M20 е тоа што M30 има дополнителна камера. Системот со три камери се состои од 13 МP главен сензор и два други пет мегапикселни сензори, кои веројатно ќе бидат широкоаголен и телефото.

Дијаграмот ги покажува и димензиите на телефонот, кои изнесуваат 159 мм со 75,1 мм. Во дното на уредот се наоѓа USB-C порт, а интересно е дека шемата не покажува постоење на 3,5 мм приклучок.

Galaxy M30 ќе има 6.38-инчен Infinity-V AMOLED екран со FHD+ резолуција, а ќе го покренува Exynos 7904 CPU. Извештаите тврдат дека телефонот ќе пристигне со до 6GB RAM и до 128 GB простор за складирање. Сепак, ова е малку веројатно со оглед на тоа дека се работи за буџетски смартфон.

Предната камера има 16MP сензор со f/2.0 отвор на бленда, а уредот ќе го напојува батерија со капацитет од 5000mAh.

 

извор: USB.mk

0

loading...
loading...

Најчитани вести