Австријка до смрт го избодела сопругот Босанец пред нивните две деца

11.02.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Австријка до смрт го избодела сопругот Босанец пред нивните две деца

Во саботата попладне се случила семејна трагедија во еден стан во 23. виенски округ Лизиг.

По жестока кавга сопругата (38) со кујнски нож до смрт до избодела мажот (40), инаку државјанин на БиХ.

Злосторството се случило во станот пред очите на ќерката (18) и синот (11), а девојчето дури и му пружила прва помош на тешко повредениот татко до доаѓањето на итната помош. Меѓутоа, мажот во болница им подлегнал на повредите.

Како што јавуваат австриските медиуми злосторството го извршила австриска државјанка која потоа е уапсена. Полицијата соопштила дека жената била жртва на семејно насилство и дека сопругот со години ја малтретирал и ја тепал и неа и ќерката.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата