ВМРО-ДПМНЕ бара надзорна расправа за начинот на носење на годишната програма на Министерството за култура

11.02.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ВМРО-ДПМНЕ бара надзорна расправа за начинот на носење на годишната програма на Министерството за култура

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и колицијата ќе поднесат барање за надзорна расправа за начинот на носење на годишната програма на Министерството за култура за проекти од национален интерес и реализацијата на програмата за 2018 година.

Пратеничката Ане Лашкоска обвини дека веќе втора година годишната програма се носи нетранспарентно и скандалозно.

„Ако во минатогодишната програма имаше дискутабилни проекти и партиско финансирање, годинава има програма за која нема кој нема реакции, почнувајќи од издавачката, драмската, музичко-сценската, музејската фела. Уште со новонаметнатите критериуми и исклучително нискиот буџет одобрен од страна на Владата, се дефинираше генерално потценувачкиот однос кон културата. По овој невиден скандал, министерот за култура рече дека за него не би било проблем да си даде и оставка, но според она што го кажа, а во еден момент истото, само на различен начин го соопшти и премиерот Заев, требало првин да се види дали можеби во некои од случаите кои се одбиени, постоел проблем на несоодветно аплицирање. Токму тоа се прави, се разгледуваат одбиените проекти“, рече Лашкоска.

Со ова, додаде таа, еден сериозен проблем се сведува на ниво на административни пропусти. „Не, овде не се работи за административни пропусти и суштината на овој голем проблем не е во одбиените проекти. СДСМ покажа и докажа на дело и во минатото и сега во овие две години дека имаат елементарно непознавање за културата. Немаат чувство на припадност кон сопствената култура и кон уметничките вредности во културата. Капитални инвестиции, нула. Заштита на културата, нула. Програма каде се уништуваат значајни манифестации, бренд на културата во Македонија“, рече Лашкоска.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата