Рамадани: Косово ќе биде 31-та членка на НАТО

11.02.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Рамадани: Косово ќе биде 31-та членка на НАТО

Заменик-министерот за одбрана на Косово, Бурим Рамадани изрази уверување дека неговата земја ќе стане членка на НАТО, пишува приптинскиот весник „Епока е Ре“.

Тој за весникот изјави дека Приштина треба да ги зајакне политичките и дипломатските напори ако сака да ја постигне целта за членството во НАТО.

Рамадани ја отфрли можноста царините за увоз на српски производи во земјата да влијаат на односите на косовските безбедносни сили со САД.

„Стратешкото партнерство со САД е одржливо и лесно“, изјави Рамадани.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата