ИСКВЕРНАВЕНА првата табла со Република Северна Македонија

11.02.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ИСКВЕРНАВЕНА првата табла со Република Северна Македонија

Само што сѐ започна со поставувањето на новите табли со новиот назив на нашата држава, револтот кај граѓаните излезе на виделина, па поставените табли каде што пишуваше Република Северна Македонија беа демолирани.

Со црн спреј е исчкртано „Северна“ и напишано „Никогаш Северна“! Граѓаните коментираат дека не ја одобруваат промената на името, и револтот се повеќе ќе расте по секоја поставена табла каде што пишува Република Северна Македонија.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата