Од труење со нелегален алкохол умреа 79 лица во Индија

11.02.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Од труење со нелегален алкохол умреа 79 лица во Индија

Бројот на жртвите во северна Индија се искачи на 79 по консумацијата на нелегално направени алкохолни пијалаци, соопшти денеска индиската полиција.

Официјален полициски претставник во државата Утар Прадеш, изјави дека 49 лица загинале во два одделни инциденти во таа земја, а починале и 30 луѓе кои консумирале токсично пиво во соседната држава Утарханд, објави агенцијата АП.

Аутопсијата покажала дека алкохолот што го консумирале жртвите, содржел метанол – хемикалија која го напаѓа централниот нервен систем.

Портпаролот на владата на Утар Прадеш соопшти дека од 9 февруари уапсени се повеќе од 3.000 луѓе во борбата против нелегално направени алкохолни пијалоци.

Смртноста поради консумацијата на ваквите пијалаци во Индија се зголемува, бидејќи сиромашните не можат да си дозволат познати брендови, а илегалните пијалаци често содржат хемикалии како на пример пестициди.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата