(Видео) Мадуро демонстрира сила: Голема воена вежба среде кризата во Венецуела

11.02.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
(Видео) Мадуро демонстрира сила: Голема воена вежба среде кризата во Венецуела

Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, го прогласи почетокот на големите воено-цивилни вежби – „Двесте години Ангостура 2019″, во кои ќе уствуваат припадници на редовната војска и резервисти.

Во пресрет на почетокот на воените вежби, Мадуро пристигна во државата Миранда, кој се наоѓа во близина на Каракас, каде изврши надзор на воената опрема, која вклучува и ракетни системи од руско производство.

Воените вежби ќе се одржат од 10 до 15 февруари. Како што претходно посочи Мадуро, тие ќе бидат најголеми во историјата на Венецуела.

На петнаесетти февруари 1819 година на Конгресот во Ангостура на иницијатива на Симон Боливар, Венецуела прогласила независност од Шпанија.

Иако венецуелската армија не е една од најголемите на јужноамериканскиот континтет, според воената технологија и оружје може да се вброи меѓу најмоќните, сметаат аналитичарите. Главен адут се воздухопловните сили, на чело со руските повеќенаменски ловци Су-30МК2В.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата