ВИСТИНСКИ ЗАВОДНИК: Здравко Чолиќ среде аеродром и ЗАПЕА на увце, па ја БАКНА пред сите (ВИДЕО)

11.02.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ВИСТИНСКИ ЗАВОДНИК: Здравко Чолиќ среде аеродром и ЗАПЕА на увце, па ја БАКНА пред сите (ВИДЕО)

Еден од најпопуларните пејачи на овие простори, Здравко Чолиќ, синоќа одржа концерт на црногорското приморје, а на аеродромот во Подгорица ги изненади сите кога на една од вработените ѝ го отпеа својот хит „Моја драга“.

Девојката не го криеше воодушевувањето, а Чола како вистински џентлмен во еден момент ѝ ја бакна раката.

Дека Чола е навистина скромен човек доказ е неговото последно интервју каде што тој вели дека иако неговото семејство живеело скромно за детството го врзуваат само убави спомени.

Најголемата балканска поп ѕвезда , за белградски „Блиц“ раскажа како ги прославил новогодишните и божиќните празници со сопругата Александра и со ќерките Уна и Лара, но се присети и како ги славел во детството.

„Живеевме од само една плата, платата на татко ми, но бевме многу среќно семејство. Татко ми работеше во државна служба, па не можевме да го славиме Божик на начин како што денес се слави. Но, секогаш со радост го чеквме млекарот кој од селото ни носеше млеко и божиќни подароци“, раскажа Чола.

Дел од неговите сеќавања е и куќата на неговите баба и дедо во Требиње, каде што се збирале за Божик како деца. „Таму добивавме подароци од роднините, од пријателите и од соседите. Беше друго време, луѓето беа побезгрижни и отворени. Преку улица се довикуваа на кафе или на ручек, преспиваа едни кај другите, се радуваа и тагуваа заедно. Тоа за жал, сега се смени“, раскажа Здравко.

Еуфоријата на празниците кај него не попуштила ниту сега.

“Без оглед што Новата година ја поминав на сцената, во душата ја славев како и порано. За Божик, се собравме целото семејство на трпезата. Мојата сопруга е столб на семејството, па таа подготви разни јадења“, открива Здравко.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата