Во текот на изминатите три дена, во Скопје се случиле вкупно 22 сообраќајни незгоди од кои две сообраќајни незгоди со тешки телесни повреди, девет сообраќaјни незгоди со телесни повреди и 11 со материјална штета, соопшти полицијата.

Во сообраќајните незгоди две лица се здобиле со тешки телесни повреди и девет лица се здобиле со телесни повреди.

Од преземените мерки и активности констатирано е дека 194 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената.  Од сообраќај се исклучени 63 возачи од кои: 30 возачи затоа што управувале возило под дејство на алкохол, 29 возачи управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и четири возачи затоа што биле возачи-почетници. Исто така исклучени од сообраќај се и 31 возило бидејќи 30 биле нерегистрирани и едно затоа што било технички неисправно.

Санкционирани се 15 возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, седум возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, четворица поради неправилно престројување, еден возач поради неради неправилно престигнување, 10 поради непоседување пропишана зимска опрема, 20 поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 44 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило.

Во однос на пешаците санкционирани се 15 пешаци поради поминување коловоз вон пешачки премин и осум пешаци поради поминување коловоз на црвено светло. Во текот на изминатите денови издадени се 229 мандатни платни налози и 154 возила се подигнати со специјално возило “пајак”.

извор: Makfax

0

Најчитани вести