Унгарија: Мајките на 4 деца доживотно ќе бидат ослободени од данок на приход

11.02.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Унгарија: Мајките на 4 деца доживотно ќе бидат ослободени од данок на приход

Унгарскиот премиер, Виктор Орбан, најави дека неговата влада значително ќе ја зголеми финансиската помош и ќе им олесни на семејствата со повеќе деца, а тоа ќе вклучува и ослободување од плаќање данок на приход.

Орбан рече дека од данокот на приход доживотно ќе бидат ослободени жените кои ќе родат најмалку четири деца.

Новите мерки би требало да ги поттикнат жените да раѓаат повеќе деца и така да запре трендот на намалување на бројот на жители во Унгарија.

Орбан наведе дека таквата политика претставува одговор на Унгарија на негативните демографски трендови, а не на миграцијата.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата