Тевдовски на конференција во Ерменија

11.02.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Тевдовски на конференција во Ерменија

Министерот за финансии Драган Тевдовски ќе учествува на конференција на тема „Оданочување, праведност и економски развој“ организирана од германската фондација „Фридрих Еберт Штифунг“, во Ереван, Ерменија, соопшти Министерството за финансии.

Тевдовски ќе ги презентира македонските искуства во областа на даночната политика. Тој исто така ќе учествува и на министерскиот панел, на кој ќе се дискутира за можностите за подобрување на даночниот систем на Ерменија.

„Тевдовски е дел од конференцијата поради визијата за поправедно општество и кредибилното водење на јавните финансии“, велат од МФ.

Министерот во текот на посетата ќе се сретне со вицепремиерот Мер Григорјан.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата