Шпанскиот премиер, Педро Санчез, на политичките противници кои на протестите во Мадрид побараа негова оставка им порача дека додека тој бил опозициски лидер го поддржувал тогашниот премиер, Маријано Рахој, во однос по прашањето за Каталонија.

Повеќе од десетици илјади луѓе протестираа во Мадрид против предлогот на Санчез да започне дијалог за да се олеснат политичките тензии во Каталонија. Лидерот на Народната партија, Пабло Касадо, ги повика гласачите да ги казнат социјалистите на Санчез на европските локални и регионални избори во мај, пренесува агенцијата АП.

Од друга страна, на собирот на социјалистите во северниот дел на Шпанија, Санчез рече дека сега како премиер секогаш го почитува Уставот, во обидот да ја реши националната криза за која придонела и Народната партија чиј лидер бил Рахој.

Тој рече дека единството на Шпанија значи обединување на Шпанците, а не нивната конфронтација, како што прават десничарите на плоштадот во Мадрид.

 

извор: Makfax

0

loading...
loading...

Најчитани вести