Градежни активности на обиколницата, на делот од Хиподром до Стенковец

11.02.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Градежни активности на обиколницата, на делот од Хиподром до Стенковец

Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози, информираат во утринското соопштение на Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ).

Од таму пренесуваат и известување од Виадукт трејд ДООЕЛ – Гостивар дека од денеска (11 февруари) до среда (13 февруари) градежни активности ќе се изведуваат на обиколница, односно на делот од Хиподром до Стенковец.

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можноста од појава на одрони.

 

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата