Министерот Адеми за вработувањето на сестра му: ОВА Е СКАНДАЛ, СЕ КРЕИРА ХАЈКА!

10.02.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Министерот Адеми за вработувањето на сестра му: ОВА Е СКАНДАЛ, СЕ КРЕИРА ХАЈКА!

Министерот за култура, чија сестра Хидаете Алили од неодамна е вработена во ЕЛЕМ ги обвинува медиумите за хајка. Не гледа непотизам, а го оценува како скандал известувањето на новинарите за вработувања на функционерите во државни институции.

Од Берлин преку скајп разговор за ТВ24 Адеми порача:

„Ова е срамота што се случува од страна на медиумите“. Знаев дека е примена, дека аплицирала на многу конкурси, но не ја примија. Дека е примена на работа требаше да се направи хајка? Ова е скандал, да се најде поврзаност и да се креира скандал“ - вели Асуф Адеми на скајп интервју за 24 вести.

Списокот на вработени роднини на актуелни функционери е долг и не е само сестрата на Адеми вработена во државна институција.

И сестрата на министерот за економија, Крешник Бектеши од неодамна е вработена во МЕПСО.

Во истата компанија која е во државна сопственост се вработени и децата на поранешниот функционер од ДУИ - Невзат Бејта. Јавноста последно ја брануваше и изборот на баџанакот на Талат Џафери за нов антикорупционер. Ќерката на Џафери минатата година беше вработена во државната ЕЛЕМ.

Министерот за земјоделство и шумарство, Љупчо Николовски неодамна призна и дека негов роднина е вработен во М-НАВ. Во истата компанија која го контролира воздушниот сообраќај високо работно место има и зетот за сестра на актуелната министерка за правда, Рената Дескоска.

Извор: 24.мк

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата